завршен (прид.)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Исто како в кино, само уште да галопираше грамофонската плоча со завршниот дел на увертирата од Вилхем Тел.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бидејќи од ова село имаше само седумосум ученици завршени четврто одделение, при Архиерејското намесништво се отвори пансион за децата од другите мариовски села.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наеднаш гласот му добива цврстина - установен, завршен израз.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во 1944 година Чашуле го организира успешното бегство од тој затвор на повеќе од 300 осуденици, по што активно се вклучува во завршните воени операции за ослободување на Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Змејко ниеднаш не чувствуваше дека му недостасува нешто, кога имаше една таква жена, како Мара, еден таков син, кој на крајот од секоја завршена година во гимназијата во градот носи сведоштва со одлични оценки и по некоја книга награда, но Мара ниеднаш не се ослободи од сенката на таа тага.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Свидетелство, за завршен трети клас гимназија, доби и ученикот Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Жалам, другар и другарке. Гозбата е завршена. Ајде кај овците! - им подвикна на кучињата, а тие, не баш настроени, се упатија кон плевната, кон своето стражарско место.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Часовите за денеска беа завршени.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сите овие процеси се управуваат преку централни командни табли поставени во котелните објекти. Затоа во овој огромен комбинат, кога тој ќе биде наполно завршен, ќе работат само 700 работници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За да може да постои како заокружен и завршен свет на човечките егзистенции Чинго ни го доближува со средствата на јазикот, избирајќи во него нивои кои најсугестивно и највпечатливо ќе го остварат тој вид на вистинитоста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Алах да Ви ја умножи благоста, највисокодостоен, рече Софроние и зашто мислеше дека приемот е веќе завршен, направи движење кое ја потскажа неговата намера - дека е готов да си отиде.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И покрај штотуку завршената прва година средно, таа изгледа сосема немалолетнички, со што ме убедува дека веројатно ќе се јави уште утредента наутро, и ќе продолжи да ми ѕвони упорно, во кратки интервали.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
И ќе ја полниме плоштатката пред црквата, започната како Преображдение, а завршена како Свети Сава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Тоа е ваша работа, велат, нашата е завршена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Браво, ми вели Нина Шчепкина, што имате завршено? — Гимназија, велам. — Отсега ќе кажувате два факултета.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Денот беше прекрасен, јунски, наставата во училиштето пред два дена беше завршена, водата на езерото Матка блескаше на сонцето и во неа се огледуваа високите карпи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тој е пример за тоа дека и без завршен факултет може одлично да се живее, иако баба ми Санда често со жалење раскажува дека „Ванче нејзин“ бил одличен ученик и дека уште малку испити му останале до факултетската диплома, ама, се фатил со лошо друштво и сѐ баталил.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)