забрише св.

забрише (св.)

Ете, селото брго ќе оставе без бареден поп, та ако он биде добер, шо веруам оти ќе биде, и другите две маала не ќе има потреба да бараат други свешченици, кога ќе видат оти им врши работа и се грижи за спасение на вашите души, — заврши дедот поп Димитрија и си ја забриша потта од набрчканото чело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците: — Море, дејди вујко, дејди родителу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко се забриша со полата од гуната и стана да ја донесе софрата, но Митра притрча и му ја зеде од раце: — Ииии, браче! Ами кој ќе чуе ка ќе рече! На Митра Сукалова деверите ѝ а клаваат синиата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со една рака се потпре на бутината, а со ракавот од другата го забриша испотеното чело.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога го дојаде јаболкото, внимателно го избриша ножето со два прста, го затвори, го прибра в џеб, ја забриша устата со рака и ги сотре дланките од панталоните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ја забришуваше устата Србин му рече: - Ти, чичко, од овдешниве села си?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас брзо ги забришав солзите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Забриши ги, - рече - и срчата се изгребала, та ни бришење помага, ни ништо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа ќе влезеше дома и долго на балконот Го полеваше цвеќето, ги забришуваше неговите листенца И на крајот ќе седнеше да испие кафе со младата домаќинка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го забришува од лигите, од сукрвицата, од ирата моја, и: плук, плук, да не те урочам и да не те настинам, слушам како му вели на детето и го поплукува на обравчињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Роден Мегленоски само ги забришуваше очите, зацрвенети од тутун, од ракија и од повремено расплакување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може никогаш суво место да не најдат, вели, и си ги забришува солзите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немој, Тимјане, не мешај се повеќе во политики, му вели мајка на татка и му го забришува лицето, му ја крева потта од очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги бришеме скалите, се забришуваме и себеси, а долу, во душата, ни се плаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите бацени места ги забришува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот со шапката го забриша лицето и уште посилно завесла кон брегот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Да си ја постелам - ми рече - да јадам па и да се забришам, да не бидам размачкан околу устата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дискретно си забришуваше солза, спонтано стркалана низ образот - беа тоа солзи радосници, чувството на блискост со младата генерација...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе