заболен (прид.)
По рибите, стаса поморија по добитокот, по ајваните; заболените добичиња и живинчиња: телињата, овчичките, козите, кокошките, лизнуваа од езерската вода како од иљач и - или оздравуваа, или со капките в уста умираа; лежеа така додека луѓето не ги кренаа и закопаа или додека чакалите и другите мршојади не ги исчистеа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во овие периоди страдаат голем број луѓе заболени од вакви болести.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во периодите на ерупциите, Сонцето, слушав во Медон, врши и многу штетно влијание врз здравјето на луѓето со заболени срца и крвни садови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бегам леден во ноќта луда, Изгубен, заболен и сам Во срцето на зборот загледан И од зборот љубен и огреан Се враќам во сонет од рими дочекан, како лебед пред смрт, распеан.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
На заболените луѓе власта не им дозволуваше да излегуваат од дома.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Жежок пепел на згасната ѕвезда. Свежината на шумските јаготки пробива низ заболеното ткиво: да сонуваш, распаѓајќи се!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Постојат и линии на одбрана коишто одат уште подалеку, тоа се електрошоковите или едноставно отстранување на заболените делови од телото, посебно од централниот нервен систем.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За мнозина од нас многу е лесно да се занемари или површно да се појми страв, страдање или начинот на кој психичката болка го мачи ментално заболеното лице.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но, понекогаш, учествувајќи или често чувствувајќи на посреден начин, станувате приемчиви за проблемите и реакциите на ментално заболениот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Загаденоста на воздухот придонесува да се зголеми бројот на заболените на душните патишта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Покрај тоа, со ЗПИО се пропишуваше исплата на паричен надоместок за помош и нега не само за пензионерите со здравствени проблеми, туку и за лицата кои засновале работен однос како слепи, заболени од дистрофија или сродни мускуларни или невромускуларни заболувања, церебрална или детска парализа, параплегија, како и други заболувања или повреди поради кои не можат самостојно да се движат додека се во работен однос или таквата неспособност кај нив настанала во текот на траењето на работниот однос (чл. 89, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)