заблескоти (св.)
Така стаса до оној заблескотен биљурен бедем на шумата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ноќта се стемни со месечина, а езерото заблескоти како огледало во кое уште што не можеш да се огледаш.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Заблескотеа елите, боровите накитени во сребрено – снежни лампиони.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Зградите заблескотеа со жолтозлатестиот блесок на нејзините очи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)