журнал (м.)
Такво лице ќе да имав видено некаде, на некој филмски журнал: го откопуваа од некоја колективна гробница...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ѕирка во мене одгоре, како да лежам во некој сандак, или во џиновски куфер, или на колор фотографијата на средната станица на шарениот журнал, добредојден да се скуси здодевното патување со празен воз.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сепак, текстовите што се пред вас, донекаде го предочуваат подрачјето од теми и проблеми објавени во минатогодишните броеви на Хипатија, специјализиран журнал за феминистичка философија кој можеби на најдостоен начин го пројавува стремежот на жените за полноправно учество во она што преостана од некогашната „кралица на знаењето“ и „умоводителка“.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Токму фактот дека Бредбери во голема мерка се ослонува на традициите на т.н. готски роман укажува дека тој не се вредува во големиот број жанровски автори на тогашните забавно-книжевни журнали иако е формално афирмиран во нив и преку нив.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сонот беше исто така опфатен - во извесна смисла и содржан - во едно движење на раката што го направи мајка му, а го повтори триесет години подоцна онаа Еврејка што ја беше видел во филмскиот журнал, додека се обидуваше да го заштити детенцето од куршумите, пред да бидат и двајцата разнесени на парчиња од бомбите фрлени од хеликоптерите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Оние што ќе влезеле во киното после журналот се изложувале на опасност да наседнат купче лушпи од семки, сончоглед, суво грозје и леблебија, но и на сѐ уште неизгаснат отпушок од цигара.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Филмот во нејзиниот мозок почнуваше веднаш, без журнал, а сликите намерно ѝ се повторуваа на стотина пати.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)