жужалец (м.)
На третиот чекор камчето во матарката на Шишмана неочекувано притропа внатре како да беше од жужгалец каснато.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
7 Брчки - мравји траги на грижи преку невисокото чело; очи - претпазливи жужалци во темномодри глобови со тајни на дното, црвеникав сињак во едномесечната брада ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ми се чини оти успеав да ѝ го насликам записот на годините врз лицето, сјајот на самотноста, тишината со која таа разговара со рибите во езерото, гласот со кој ги довикува пилињата и кутрињата, жужалците и светулките...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)