железо ср.

железо (ср.)

Света е куќата моја: со барут и железо полна е; не ќе ја срами Неда родината своја.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Олово, железо, сине, теб живот ти скина, Турчин махна, Турчин удри, тебе располови.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Нема во секоја индустриска гранка крупни претпријатија; а од друга страна, вонредно важна особеност на капитализмот, кој достигнал највисок степен во развитокот, претставува таканаречената комбинација т.е. соединувањето во едно претпријатие разни гранки од индустријата, што претставуваат било сукцесивни степени на преработка на суровини (на пример, топење железо од руда и преработување железо во челик и потоа, можеби производи од челик), – било едната наспрема другата да игра помошна улога (на пример преработување на отпадоците или споредните продукти, производство на премети за пакување и сл.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Трајното зголемување на цените како резултат на образувањето на картелите – вели Кестнер – досега се забележуваше само кај најважните средства за производство, особено кај камениот јаглен, железото, калиумот; и обратно – никогаш не се забележуваше кај готовите производи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тие гигантски претпријатија со годишно производство на челик од 400 000 тони (една тона = 60 пуда), со огромното добивање руда и камен јаглен, со производство на готови продукти од челик, со по 10 000 работници кои живеат по касарните од фабричките населби, понекогаш со свои сопствени железници и пристаништа, – се јавуваат како типични претставници на германската индустрија за железо.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
На првиот кат, во должина од целата куќа, балкон напред ограден со железа извиени во форма па шарои.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Малку е, наслутив насмевка зад замрсените влакна со боја на `рѓосано железо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И кога овие се приближија, стариот бег просолзи, и се избакна со сите тројца и им подари по две железа за кревети.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, ела зло без тебе полошо! Само гледај побрго: дури е жешко железото се чука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќава - дел во оние стари добри пегли со јагленово загревање, дел во радиотот чиј механизам го однесоа во вреќа црни и дрипави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во кој ја чував Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Слабите раце на Август ги прегрнуваат решетките на кафезот, малата паметна глава е скоро провлечена помеѓу две јаки железа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сал ритамот плиска по брегот на железото.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Клинците на алката ѝ се збуцаа во непцата и ѝ го раскрвавија јазикот; железото зачкрат под незините заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во огромната челуст на тишината невратно се губеа притаени пцости, злокобно тропање на некакво железо, неразбирлив шепот и сѐ што не се слушаше, и сето она што сивите луѓе, го носеа под грло, зашто 'рбетникот на големиот организам на колоната беше скршен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тропна со железото на портата и бргу слушна глас одвнатре: – Кој е? – Јас сум, Сефедине – му се кажа кадијата на својот домашен слуга, Сефедина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
При тоа убаво си ја чукна главата од железото но толку беше преплашен та не почувствува никаква болка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Аргир ја крена мистријата и удри со неа неколку пати во железото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Внимателно го крена ’рѓосаното железо, изгравирана глава на лав, што висеше на она крило од портата кое не се отвораше при секојдневната употреба и околу кое беше напластен од страните мов, а од долната ивица, напролет никнеа тревки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стојан, кој го удираше постојано железото за пајдос, сега беше избеган некаде долу меѓу купиштата тули.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе