желевце ср.

желевце (ср.)

И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Зошто ти биле вакви желевца, го прашувам Јона, што ти требало штогоде да купуваш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни ѕвечкаат со куршумите и со желевцата, нѐ поздравуваат со своите одликувања.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш пак се чу ѕвечкањето на куршумите и желевцата, извадени од раните на борците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕин, ѕин, ми прават и тие како куршумите и желевцата во рацете на сакатите борци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој не го раствара – сите го лижат. Шими ципела – кондура со умерена каубојска штикла, напред шпицаста и по можност пенчетирана со желевца за да ти звецкаат кораците Ха–Е–Сер – најдобро појачало откако постои човештвото.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)