жеднее (несв.)
Тој жеднее само по оној сладок трепет на исчекување, што ни страв ни смрт не го бришат зошто во него се содржат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А, кажете ми, која е користа од тие задоволства по кои толку жеднеат заложниците на смртта?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Добро зготвениот, обилен оброк, со домаќин чиишто лесни обиди за забавување се чинеа дека воодушевуваат многу над границите на неговите напори, и лежерната атмосфера за којашто жеднееше Семовата душа, се здружија за да му пружат задоволство и луксузно олеснување на Сем, такво кое ретко кога го наоѓаше на своите тури низ ранчовите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)