жалбен (прид.)
Незадоволен од оваа пресуда, Ѓорѓиевски преку својот адвокат, навремено поведува жалбена постапка и предметот е отстапен на Апелациониот суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По овој привремен неуспех, а по приемот на писмено изработената пресуда,7 во јули 2009, следуваше жалбена постапка, иницирана од страна на незадоволната Зефиќ, по што предметот стигна до повисокиот Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот жалбениот суд, по пет месеци – во мај 2004 – со Решение ја усвојува жалбата на „Киро Ќучук“, и истовремено ја укинува првичната пресуда, а предметот го враќа на повторно судење.5 Но, и по повторената постапка, судот во Велес – во март 2005 – во отсуство на законскиот застапник на „Киро Ќуќук“, кој не дојде и покрај уредната достава на поканата за рочиштето за главна расправа, пак носи позитивна пресуда во корист на Авдиќ, која станува правосилна и извршна во јуни 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)