есенција (ж.)
„Розовата долина“ врие од ружоберки, кои го кинат цветот од бодликавите гранки; ружата мора навреме да се набере, да се добие од неа најмногу масло, најмногу есенција, најмногу опоен мирис.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но тоа не е сѐ: националниот гениј едновремено ги укинува и поединецот (растворен во групата од која потекнува) и човештвото (изделено на вкочанети есенции, распршени во множества етнички личности затворени самите во себе).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Класицистот го прикажува Бога во неговата есенција, маниристот го прикажува Бога во неговата егзистенција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На изгорениците им ставила нерастворена есенција и сестра ми се онесвестила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Есенцијата си го направила своето. Од главата паднале девет коски, нешто во форма на желкини плочки, мозокот цел се отворил и се гледало како пулсира, дише.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Оваа книга, како дел од есенцијата на мојата балканска егзилска сага, беше еден вид преуранета проверка на синот на емигрантот, нараторот, дали беше дојдено времето за враќање од егзилот во родната Албанија, беше тоа едно ѕиркање во пеколот кое можеше да заврши кобно...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Префинетиот сенс во моето чекорење, мистериозната сенка на моето торзо, се само склоп на есенцијата во центарот на мојата таинственост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)