епистоларен (прид.)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Иако рецентните фото-панели служат како вонсериска верзија на истиот епистоларен императив - огромни, бучни писма до планетата - темата на нивното сопствено постоење е затемнета.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Доколку добро и точно бројам, ама и доколку соодветно паметам, оваа книга што неодамна си ми ја испратил по виртуелниот гулаб-писмоносец, епистоларниот роман Потрага по Елен Лејбовиц, би требало да е деветтата книга од Твојот балкански серијал, кој се развива еве полни шеснаесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)