епилог (м.)
Епилогот на оваа „дискусија“ (во која што не дојде до збор партизанот) беше сосем очекуен: партизанот ја извади од внатрешниот џеп на палтото својата збирка, внимателно завиткана во еден италиански весник, и - им ја даде.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Само штуриот епилог на еден толку убав сон што им даваше смисла на неговите деветнаесет години.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа на почетокот има увод именуван „Се појавил чуден човек“ и на крај епилог „Срце во срцата“.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И епилогот за Анѓа, и за многу Анѓи е да добие, во најдобар случај, бесплатен билет да се врати назад.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Козарите стоеја простум, небаре и тие сакаа да учествуваат во епилогот на расказот. Ги гушкаа своите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
ЕПИЛОГ Татко ми тешко се помируваше со загубата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гаргантуовскиот но и макабричниот обред се одвива во ресторан со сличен штимунг, како епилог кон европската консументска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Продолжува претставата. Сѐ повеќе се чувствувам гледач – заложник на повеќекратна претстава, со заплет и епилог кои зависеа од цврсто утврдената шема на претставата, утврдена од специјалните сектори на Партијата, а проверувана и довршена во полициските служби.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Влезе во претставата, јас не го гледав ниту излезот, ниту епилогот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Медицинскиот џип се доближи до самата граница, како последна жива закана, како трагичен епилог од сценариото на живата драма во која јас бев единствениот лик.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Епилог Полната месечина малее; Надојдената вода прелева. (Кинеска поговорка) Денес, во седум часот изутрината, како и секој ден, авторот седна да ги допишува редовите што следуваат па, конечно, да ѝ го види крајот на својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Подготвен како на сцена, кога се кажува главната реченица на епилогот на драмата, под прозорецот од собата во која спиевме, гласно извика: – Станете, јунаци! Ви стигна пакетот од Италија!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овде денот трае бајаги подугачко, така да у лето у 10 навечер е дење, а у четири сабајле - пак дење. Епилог – кокошките остануваат ненаспани.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ја чувствував од далечината толку блиска моралната поддршка на Елен Лејбовиц во моменти на дефетизам поради опасноста настаните во Македонија да добијат трагичен епилог како во други поранешни југословенски републики.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Новите песни - Прологот и Епилогот се напишани изминатава зима 2007/2008.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И не од нарцисоидност туку од љубов и верност кон првичниот поттик, кон првичната инспирација, кон онаа првичан возбуда што ги забележа првите зборови кон овој реквием, основата негова, јас ги сочував нив во нивниот автентичен вид, придружувајќи ги со новите песни со прологот, епилогот и епитафот како обид да ја согледам и изградам неговата поетичка целина.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Епилог Во животите на Татко и Климент Камилски остана засекогаш нешто необично мистериозно и незавршено.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)