елипса (ж.)
И сѐ почесто се завртуваа околу него темно-модри кругови и елипси, се множеа и се ширеа како бранови на темна вода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
По еден или два часа зад полноќ, кога веќе ни месечината го немала она нужно значење на таинственост, далеку и со острината на рабовите забуцана во неподвижен облак како парче на посребрена лопата во сива и лилава земја над самата земја, ридовите се згуснале, биле исплашено и гровнато кртило на непознати животни, речиси повеќе правоаголници, триаголници и искинати елипси на светлост и сенки отколку скаменети крмници со џиновски стави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Хорацио со испробан гест лежарно ја крева десницата и нацртувајќи две-три елипси во воздухот, ми се обраќа како да сум во првиот ред во партерот: - Тоа веќе стана локална бајка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Маглива елипса ја покрива мојава душа, можам ли да живеам без тебе!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)