електричар (м.)
И неговите пријатели, кои го сочинуваат неговиот свет, исто така се луѓе како него, водоводџии, малтерџии, молери, дрводелци, електричари, мајстори за покриви на куќи, и луѓе што го снабдуваа со тули, цемент, вар, песок, дробен камен, тер-хартија, железарија и дрвена граѓа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таму работев како водоинсталатер и електричар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Семкари, машински инжинери, бравари и електричари станаа најголеми познавачи на архитектонски стилови.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Пред настанувањето на работниот спор тој имаше работен стаж од 29 години во друштвото а, според систематизацијата на работните места, работеше како електротехничар – погонски електричар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Величковски, кој сега работи во приватна агенција за обезбедување, а дополнително и како електричар и хаусмајстор на повик, охрабрен од добиениот спор и од тоа дека, сепак, и во нашата држава може да се добие судски спор за прекршени работнички права, е решителен за тоа дека и во иднина повторно би тужел доколку му биде повредено некое право од сферата на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)