експертиза (ж.)
Судот го запозна Китана со оваа и му кажа дека е беспредметно да се врши експертиза, кога трошоците за доказната постапка се поголеми од сумата за која што се води спорот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Второстепениот суд ја уважи жалбата на Китан и го врати предметот на повторно разгледување, со напомена дека стручни лица за таква експертиза (геофизичари) треба да се бараат од Факултетот во Белград.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Судот направи пресметка колку ќе чини експертизата и побара од Китан да вложи половина од таа сума на име кауција за да може да отпочне експертизата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Направени се дури и експертизи во австриските закони, од кои јасно се гледа дека граѓаните навистина имаат право на преобликување на фасадите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Лекарите од судската медицина велат уште дека во неговиот џеб од палтото нашле јагленосано клопче; тоа, според нив, била некаква тетратка, на која веќе сосема тешко се распознавале буквите; експертизата покажала дека тоа е некаква песнарка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)