егзалтација (ж.)
Во тој спонтан порив да споделам, при таа егзалтација, бев го напишал и следното: „Ќе им докажам. Ќе видат тие кој е нивниот бог!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ако среќавањето пред тој јунски ден, во јануари на таа година, со пламените стихови на „Очи“ и „Љубов“ говорени од Ацо Шопов на конгресот на македонската младина во скопскиот офицерски дом беше сето во егзалтацијата и патосот на големото славје на слободата и во првата фасцинација со убавината на ослободениот македонски јазик, доживувањето на Рациновите елегични, чемерни стихови на болката и убавината на неговата Балада, се откриваше како трагично идентификација на самиот Рацин, во смртта, во онаа „кара смрт“, со непознатиот војник од една друга војна, - Големата, „световната“ - идентификација што ги исполнуваше и обединуваше луѓето во заедничка тага.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Идејата за доброто, особено за лошото, чие исполнување ќе зависи од тиранинот ќе предизвикува уживање или егзалтација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко беше друга природа, битките со егзалтација и разочарување, остануваа невидливи, се одвиваа длабоко во него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)