дрозд (м.)
Песната на американскиот дрозд се умножи и претвори во цела шума од распеани птици.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Гледај!“ шепна Џулија. Еден дрозд слета на гранката ни пет метри далеку од нив, речиси во висина на нивните лица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој и Џулија разговараа само со шепот и микрофонот не би можел да фати што зборуваат, но ќе го регистрира дроздот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Се сеќаваш ли“, рече тој, „на оној дрозд што пееше за нас, оној прв ден, на работ од шумата?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Наутро и навечер дроздовите се натпреваруваа, но не им претставуваа конкуренција на мелодиите од неговата лира.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)