дроб (м.)

Душата ти е болна, дробовите ракија ти ги гризе, а ти лежиш и молчиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таман го досекол, Митра, како мало дете, рипна од столчето и ѝ вели на Доста: — „најстина ќе го печа дробот од петелот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Е, е, е! Сега душата мирно ќе ми излезе кога ќе му се најада од дробовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И пак задушената влага се влива во дробовите и духот е пак потиснат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нема место за човечки гласови, овде се сместени само нивните тела и заморното дишење на дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Настинал ноќта кога му ја отпеавме молитвата на кметот. Добил воспаление на белите дробови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Ах дробот да му се попаре на вакви пезевенки, шо си а врлаат и снагата и душата во ќеневот за пусти пари!“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се слуша само некое чкртање на болни дробови, нечие пискање на носот, како на врбово свирче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му врвел куршумот и му забиоѓал и срце и џигери и сплинка и бубрези. Сите дробови му ги забидел и му излегол под плешката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кожава обеси ја, ќе ја штавиме за опинци, вика Лазор Ночески, дробовиве клај ги настрана, вели, ако немаш сатар, дај ми секирче, треба сите коски да се одделат од ’рбетот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се влечкаме, се пореваме, замаени од чистиот воздух што ни се стега во дробовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека душата, сосе дробови, ми излезе низ устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А таму не те молат, вели, таму токму-нозе ти скокаат меѓу ребрата, меѓу дробовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отвори го ковчегот и запиши сѐ што е во него, ми рекоа а јас стоев и ги слушав како буричкаат по секакви отпадоци зад мене и се закашлуваат од прав и тешки мириси што се закачуваа со лепливи шепи за нивните ноздри и бараа пат кон грлото, кон дробовите, кон многубројното дно на ковчегот од човечко месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ибраим Ибраим раскажувачот на овој настан од Балканските војни, ако е точно она што ми го рече еден негов подалечен роднина , умрел во Цариград од воспаление на белите дробови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Има силно воспаление на белите дробови, а и стара е.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Леле, ако добие воспаление на белите дробови, - се загрижи Тета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се сеќавам, батко Онисифоре.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Влече азијатски ген по мајка си: со еден ензем е во црниот дроб и од малку алкохол се опива...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе