дрен (м.)
Тој „Илиос“, уште пред една две недели ги извика од земјата качунките, јагличките, петревите гаќи, момини солзи, а дренот го натера да ја облече својата жолта облека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Здрав како дрен, а личен – икона.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Ништо ми нема... Како дрен сум!... - повтори пак тој и заниша со преврзаната глава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ѝ ја засука кошулата и ѝ наброја дваесет и пет дренови по дебелото месо, на очиглед на цело село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И што не зашиваме во тие амајлии? Козина од мечка, мечка страв - мене не страв, нокте од штрк, корупка од желка, пепел од дрен. 128
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Добар ден, среќен ден! - поздрав праќа цутнат дрен - Добар ден, да сте здрави! бело кокиче се јави.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Јане им погина на Бела Вода. А на Цветници, кога цутеше дренот, плач се растури во куќата на Митрашковци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По трапиштата и излоканите места растат ниски, жилави, опори растенија: глог, шип, дрен, капина, повит, - прилагодени на скуден живот и осудени да ја држат земјата по падината да не се рони, да не ја свлечкаат дождовите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Не будали се, човеку, не туку го мачи детево, преку глава му е од болести. Здрав си како дрен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Луѓето не му верувале. Се веднеле над него и го тешеле: кога ќе преспие, ќе биде поздрав и од мајски дрен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И врбите и јасиките ќе се покријат со зелени дамки, дренот ќе се искити со жолт цут.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но од болести и постели ме бранел господ; сето божје лето од пролет до зима здрав сум како дрен.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Бели магли имаме на тони. Еве солзи сув дрен што ги рони.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Леските пуштија реси, расцути дренот, сипи жолта прашина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)