дреа ж.

дреа (ж.)

А потем, позлатени дреи што Кузман на празник само ги носеше голем.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Нано, овде никој не бели... Ќе ти поцрнат дреите!... - ѝ вели тој кратко, суво, повеќе деловно и брза на работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ами... зошто ќе ѝ е само за неколку дреи. Со рацете зафаќа од езерото и така прска, стегајќи го со колената фустанот да не ѝ се намокри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дреите спрострени на жолтото, како килибар песоче, десно од колјата, сигурно се потсушија веќе. Треба да се испрскаат. Водата и сонцето најарно ги белат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Охо, брат мој! - овој го зграпчи и одвај што не го задуши во својата прегратка: - Гледај го ти него, само еден глас и коските под дреата ти останале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
9. НА ДРВЈЕТО ЛИСЈАТА ИМ СЕ ДУША - на луѓето дреата никогаш душа им не е, и в злато да се наконтат од пети до гуша в пазви не ќе им долета птичка која пее...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ми ги знаат возбудите и заблудите, Болките во желудникот, реата, Ми ги знаат потресите и вознесите, Ми го знаат огнот и пареата Дреата со која ги нагазив, Мојот здив, кога во нив се преселив, Се вгездив и задомив.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Франциско одеше гол и бос, парталав, гладен и жеден, во крв облеан, и од никого ништо не бараше: ни дреи, ни леб, ни вода, а уште помалку го мачеше суета и потребата од признание и слава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тешка тага му ги насели срцето и душата. Тажно и папсано си ги прибра дреите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повереникот им ги чистеше дреите од тревите и од балегите и ги нудеше со сливи џанки. Друго и немаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
2. Врз папокот времето си седнало За дома да си дојде ожеднало Ни првата година не мина во резето на душата болест зина, уште спомените топли ми беа животот облече страдална дреа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се присети како во дрвеното куферче си ги собра дреите и киниса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)