домски (прид.)
Сигурно од домскиот звук се будеше и целата околина, целата околина, се тргаше од својот сон.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таква страшна слика дотогаш не беше видена во домскиот двор.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сигурно не знаевме дека ќе нѐ носат во дом, под покрив, во кревет, дека ќе ни дадат топло кафе со џем и парче леб, дека тоа го прават за наше добро, за да нè згрижат и сите тие смрдливи работи што до ситница се предвидени со домскиот ред.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
3. Грдан беше домско дете. Откако памети за себе живеел по домови за сираци, по училишни интернати и по студентски бараки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Од каде си ги научил овие работи, од студентската менза? - Не, уште од домската.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)