доминира св. и несв.

доминира (св. и несв.)

Во смешаноста на мелодиите, во бркотницата од распеани звуци, доминираше нешто одобрувачко, што ги истиснуваше мрачнините во душата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во Штутгард, велат доминираат фабрики и претпријатија со од пет до сто работници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира, овој амбиент многу го надополнуваа светлинскиоте ефекти, при што најмногу доминира портокаловата боја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Будимпешта остава многу силен впечаток со зачуваноста на старото и токму тоа е она, што ја одделува од другите европски урбанизирани средини, во кои доминираат бетонот, железото, правата линија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Воопшто сѐ што беше правено во боја беше сино. Сината боја доминираше на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ана Ливиа, полски книжевен критичар Градот во кој се случува дејствието на романот Времето на козите не е голем, но над него доминира Тврдината која го симболизира повеќевековното владеење на многу Империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доминира хуморот поврзан со нежноста која ни ги опишува козите и тие што ги сакаат. Јас сум еден од нив...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бидејќи се сметаат за сексуални објекти на општества со кои долго доминираше мажот, се сметаат за одговорни за судбината на мажот поради инцестот и копнежот меѓу членовите на семејството, што за возврат станува извор на сексуалната агресија на мажот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 189
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во општеството толку строго во однос на човековото однесување, кадешто викторијанскиот дух доминира наметнувајќи една речиси детска срамежливост, уметноста станува шокантна, безначајна, неморална и изопачена како забранетото овошје.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Карневалските елементи доминираат со годината, давајќи му значење на нормалниот живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На двете страни од патот во пејзажот доминираат бункерите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Демагогијата и малограѓанскиот ситен интерес сѐ уште доминираат со јавната сцена на идеи и новата некорумпирана генерација интелектуалци и политичари богами ќе треба да вложи значајни напори да се пресмета со тој парохијален и всушност примитивен дух кој нема изградено никакво посуптилно чувство за иднина, за заедница и за делба на интересите. Маргина 35 7
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Па сепак, се чини дека фасцинацијата со средиштето најпогубни последици има во подрачјето на општествената рефлексија - во сферата на идеите што општеството ги произведува за себеси, во точката во која се одвива трескавичниот обид за разбирање на политичките, општествени и културни процеси што доминираат со нашите животи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По „интелектуалните кулоари“ доминираат глупоста, јаловоста, анахронизмот, шовинизмот, кукавичлакот, лицемерието, перфидните подместувања...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пред успешните експерименти со луцидни соништа во лабораториите за спиење доминираше активациско/синтетичката теорија на спиењето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во татковите размисли сигурно доминираа варијантите на враќањата во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе