долина (ж.)
Глас Далеч од баштина, далеч од роднини, Не в чужда за мене земја, В полјани китнести, зелени долини, Самичак в планина шетам ја.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Шт' она барат в такво доба, кога сегде тихо, глухо сегде, т'мно сегде, сичко ношт покрила, и планини и долини, шуми и пољани, и широките градини, сичкиј бел свет божиј, кога сичко сја починват од печалби дневни, как зверове, так и птици питоми и диви.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Одѕивот од пукотот во долината стивна и пак се заслуша бучењето на реката која спокојно го продолжуваше својот пат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Долината на реката јачејќи се одѕва.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци што ги наоѓаше како дете на карпи, и за миг, само за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога дојде тогаш во ателје, сликарот со неговиот лик покри стара слика: зелена долина и две дамкави стебла.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Неверојатно личеа еден на друг и затоа, додека се менеа, остануваа слични и потсетуваа на еден смолар од планината што воздивнуваше загледан далеку кон долината жолта од густ плод.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А долу, под нас, црнееја долините. Ми се стори дека никогаш, таму долу, нема да се раздени...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Во долината на вечното спокојство ние ќе бидеме заедно и сами.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Замина, преклонет, накај својата пилана, што стоеше во самата средина на долината и од чија стреа излегуваше тенок бел чад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од двете страни на друмот митралезите косеа: Кррр! Кррр! Таа-таа! -одекнуваше низ долината.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Трајче го јавна Дорча и тргна... Го мина полето и навлезе во долината.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Низ долината течеше реката Сатеска.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А горе, околу, до измислената страна на светот Се разложува долината На поплочена тишина и свечености.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Прозрачна есен низ маховина ѕвони Со црквен од и молитва Се раскопуваш Соѕидан во долината што гори.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Низ долината тече река. Таа ја сече месноста на две половини: лева и десна. Го дели овој мал свет на два брега.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)