довечер прил.
довечера св.

довечер (прил.)

Му дадов збор за довечер.. Не може повеќе: го изеде жив срам од луѓето.. за мене... на сета негова добрина...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: Јас зборувам како што е. Довечер давам збор за друг.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Трезен ништо не можам да сторам, а довечер збор треба...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дувна порекот долу. Војковец и бргу, бргу се извеаја купиштата, та имаше време да се мерат довечерта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не си признаа, но двајцата во себе помислуваа дека после ова премрежие, можеби уште довечер да се најдат дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)