диета (ж.)
Diabetes millitus. Диета, инсулин, утеха. евтино измамништво да ме трогнат, тоа и ништо друго - фелер на човечките односи. Плитко.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја советуваа да држи диета, да пие лекови и тревје за слабеење, да се движи, да работи, но пак ништо не помагаше, ја ставаше Дукле на вагата да ја измери и гледаше дека се здебелува.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Тогаш ќе бидам на диета, а ти ќе ми ги донесеш остатоците во кеса од ‘Le Bec Fin’.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Пред диета она тежи сто седумдесет фунта.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Никогаш не држеше диети, нејзиниот метаболизам ѝ го овозможуваше тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)