детенце ср.

детенце (ср.)

Ти остана детенце, утеха една во жалост, бујно ко фиданка в гора, За подвигот татков со восхит ти, иако мало, сакаше јас да ти зборам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И животворните зраци изгаснаа; остави вдовица млада со дете, малечко детенце в раце . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојанка како крената пушка веднаш одговори: — „Неда", а попот си продолжи: „Крешчаетсја раба божја Неда, во имја отца амин, амин", и му ги Изреди ,и на ова детенце оние исти благослови што им ги рече на тие пред него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крцка полугнила селска кола, немирно, шишкаво детенце треби боцки од опаш на сонлив пес, мавтаат гранки зад некоја растурена ограда.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа од високо надѕирнува низ прозорците, ќе погали некое детенце, ќе му ги заклопи очите на некое што уште не заспало и ќе одмине потаму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А во него, детенце, постоеше и една игра за тоа дека сонцето во нив е еден разигран и разбеснет лав, со сето свое здравје околу нивното градилиште, што одѕвиваше од смеење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Мама, мама... - плачеше детенцето. Навистина беше жално да се гледа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Што му е на детенцево? - ги праша таа своите другарки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Мама, мама! - повторуваше детенцето. - Ајде, дојди со мене! Ќе ја побараме мајка ти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа си седи под огниште и си го држи помалото детенце, додека постарото веќе заспало на плочата крај огништето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исус Христос си заспа во копа сено. Сите се црвени и здрави А Исус е бледо и слабо детенце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога да погледнеш на пладнина во август. - пеперутки што наскокуваат од изгорената трева, - детенце што си заспало среде пожолтени цветови, - ждребе со испружено јазиче што ги моли небесата за дожд Кога да погледнеш на пладнина во август.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Има ли мајка сонцето, прашаше некое брливо детенце, сакаше да знае дали сонцето има мајка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Безброј пати ми раскажува: ме бањала кога сум бил бебе, перела и спростирала пелени, ме развиткувала и повиткувала, ме нишкала и ми пеела - Думба, думба, детенце, баба празно вретенце, - и - Цуцул пасе говеда - и ми кажувала многу други броенки и залагалки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Татко ми, без да сака, го прекина кога му покажа една друга слика на која коза лулее детенце во колепка, крај мајката истоштена од куќните работи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште еднаш филозофијата го завлекува светот кон својот кревет за да си направи детенце од неговите подолни работи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Врати се, мора да го разбудиме на време нашето осумнаесетгодишно детенце кое повторно се успа и задоцни на училиште!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Повеќе