десетмина (бр.)
Та и сами знаете: в прашина, мртви, десетмина јунаци лежат што смртта ги смами. скапи за земјава жртви!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Беха дошле Турци клети, врли Арнаути, не двамина, не тримина, цели десетмина.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Биле десетмина со кубури и со пушки, другите ги поеле говедата на безимен поток.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јасно попладне, во присуство на десетмина стручни сведоци, Д-р Јомиури исчезна. Помина низ огледалото.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Десетмина „Маасови” агенти кои секогаш го следат ќе се соберат околу автомобилот како мравки; „Маасовиот” сигуроносен апарат ќе се стврдне околу точката на неговото исчезнување како епоксидна смола.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Работеле по дванаесет часови дневно, го напуштале училиштето на деветгодишна возраст, спиеле по десетмина во една соба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Претходната година која на десетмина ни донесува по две дипломи, во следната нѐ исполнува со неверојатна енергија и самодоверба.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тргнавме десетмина, двајца напред како мртва стража, а ние по нив.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Последното делче во него се скрши дента кога меѓу имињата на оние десетмина што загинаа во заседа го препозна и името на одамна заборавениот школски пријател.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)