демобилизира (св. и несв.)
Па добро, мајчето ваше мајчино и сестра и прабаба до дете од половина кило, од каде сега вие овде, дома, кога ни жива душа од српската, војска уште не е демобилизирана, а?...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
По пробивањето на фронтот се демобилиса и продолжи во црквата да му помага на поп Серафим како клисар.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Картагинците морале на крајот да се борат за да ги демобилизираат мерценерите кои по оваа војна кои станале нивна голема закана по оваа војна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Башибозукот претставувал помошна војска на османската армија, главно коњаница составена од нерегуларни и командно обезглавени, разединети и неплатени војници, демобилизирани од армијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)