демагогија (ж.)
Во месец јануари, 1942 година, се одржа Осмиот пленум на ЦК на КПГ на кој, меѓу другото, му беше посветено посебно внимание на ,словеногласните Македонци за да не се занесат од омразата на националното потиснување на грчката буржоазија и сегашната демагогија на окупаторите, а посебно на бугарскиот национализам и шовинизам...“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Демагогијата и малограѓанскиот ситен интерес сѐ уште доминираат со јавната сцена на идеи и новата некорумпирана генерација интелектуалци и политичари богами ќе треба да вложи значајни напори да се пресмета со тој парохијален и всушност примитивен дух кој нема изградено никакво посуптилно чувство за иднина, за заедница и за делба на интересите. Маргина 35 7
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Преку демагогија, измама и сила цончевистите успеале тоа да го сторат на Деветтиот конгрес во јули 1901 година51.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Продадениот интелект мора да брбља разноразни демагогии и да брани одредена опција макар што ни 90% не верува во истата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа е демагогија на непостоечки нешта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)