делум (прил.)
Тогаш во него како сѐ да се урна: сите страсти и соништа, сите негувани илузии, сета надеж што, во неговата претстава, требало да значи надеж, создадена делум можеби и врз основа на мојата секојдневна благост и грижа кон него.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кога ќе му влезеше униформиран човек, се збунуваше, делум и зашто не го знаеше бугарскиот јазик, така што опслужувањето го преземаше мојот постар брат кој поради сето тоа, го напушти школувањето и се предаде на работата на дуќанот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)