делува несв.
делување ср.

делува (несв.)

Привлечно делувате но сепак не се излажав. Така ли е - таа ве напушти?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ЛЕНА - Држечка старица со јасно изразени нобл манири која на извесен начин делува одбивно. Во основа благородна.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Анализирајќи ја музичката структура на поезијата, Соломон Маркус во неговата „Математичка поетика“ коментира две во основа противставени теоретски стојалишта: едното е дека звучната убавина на стихот не може да делува независно од смислата која ја имаат зборовите во песната и дека звучната релевантност вон лексичките и граматичките морфеми всушност и не постои.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Делува многу достоинствено, дури малку студено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Хипиците“ делуваат морничаво во ноќните часови на послани стари весници или пак на некакви чаршави продаваат накити, но ако ги сретнете во групи, тие пеат и свират на гитари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сместена во една таква трикатница со накитена фасада, книжарата повеќе делуваше како пристојна, чиста антикварница, отколку како продавница за „валкана“ литература.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но додека во зборот, тие често делуваат несмасно, во музиката нивната моќ е директна, пред неа немаме одбрана.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Делува функционално, ја разбива интимноста на непосредната инспирација.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Жана наслушнувала дека бил темномурест, со блескави, црни очи и чиста насмевка, која, покрај сета спонтаност, делувала диво.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нивното поведение ми делува страшно претерано.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа е една сугестивна музика што делува непосредно на потсвеста, иако не се слуша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сето ова делува најприродно, како и суптилните, кружни движења на нејзините полнички дланки, кога во наежената кожа ми втрива мирисно масло од темното, осмоаголно шишенце со етикета „Здив на боговите“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Енценсбергеровиот урамнотежен резон ни делува како инверзивно ехо на онаа инцестуозна дијалектика на доброто и злото, која веќе одамна е докрајчена во заемна рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зошто со оргазмот, за Егото постои опасност од разградување на психичката сексуалност, која би се распрснала кога врз неа со жестина би почнало да делува недоволно прифатеното биолошко тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Заверата е глобална и делува дифузно на сите фронтови, од Обединетите нации и НАТО Пактот, преку УНИЦЕФ и УНПРОФОР, до Ватикан и Масоните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Врз основа на нивните сведоштва, напишани или јавно изречени, кои се, навистина, понекогаш контрадикторни, можат да се изведат извесни основани претпоставки за тоа како и кај кои личности дрогата делува на творештвото, иако сѐ уште сме далеку од тоа да можеме да изведеме некои генерализации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе