деветини (само мн.)
А вториот веќе и не допрашуваше ами повторуваше Дека сето тоа се само бабини деветини И дека со нова жена нови ќеифови се тераат Особено ако е како оваа еве што оди пред нас И подвртува со газето како пропелерче Во некоја берберница среде тукашните или мексиканските жеги
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Едниот вели дека ако на сон газиш во лајна ќе се поболиш Другиот му одвраќа дека се тоа бабини деветини Во лајна ако газиш само ќе смрдиш додава суровиот реалист
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Не верувам во приказни и бабини деветини. Верувам во други нешта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како на зло да му играше десното око. Чудно, не веруваше во тие бабини деветини.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)