двори (несв.)
Батанџиите, двете куќи, оставија по една невеста дома да го дворат спаијата и неговата дружина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мајка ми го двореше и него, а најстариот брат го презема водењето на дуќанот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Додека Ѓорѓе го преспиваше денот, Рада мораше да ги пречекува и двори новите гости кои доаѓаа на честитање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)