гудало ср.

гудало (ср.)

Нервите ми се напнати, по нив можеш да влечеш гудало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гудало од слатки нерви се скокотка и се игра со некаква виолина.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Или тоа ветрот- виолинчелист го влече своето гудало по нивните сочни гранки?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Исто и добриот примаш - си го знае ли занаетот, игра ли мајсторски со гудалото по жиците од виолината, - никој не праша, дали му е кадрава косата, дали му се бели забите, и дали му е колосана кошулата, - кај него е главна музиката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старецот снемоштено запре, му се отпуштија рацете во кои ги држеше виолината и гудалото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш, наеднаш замавна со гудалото во воздухот и почна полека да се оддалечува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гудалото упорно ми се лизга ту во минатото ту во иднината.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Гудалото нежно ми се лизга ту во минатото ту во иднината и ме потсетува дека некој нашинец најпосле треба да му ги истегне ушите на времето пред да ни се исушат сите ритки и пред да престанат да ни врзуваат стебленцата веќе онемени од носталгија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Што точно зацутело од нив, не е сосема јасно – можете да бидете прилично сигурни дека тоа не е некој меч: можеби било гудалото, или шпагетите замотани околу виљушката, или нечија женска марама.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)