грч (м.)

Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Тој ќе ме повела! рече штрбавата насмевка, оној чуден грч што ги плаши луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Душевниот грч му се одрази во грчот на челото а од тоа тој веќе не изгледаше млад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Момченцето имаше опит со мене. Смеата му помина во грч, во олцкање низ затворена уста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сфати: грчот на прстите не можеше да ја запре крвта од простреланото место.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се исправи во креветот и со подадена рака го побара во мракот шишето. Кратка голтка, грч.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стануваме грч, Станува скок, Цела планина прескакаме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Браќата помамно се кривеа и мрдаа со ушите уверени дека тој не е ракија и грч туку страв, како што беше и тој уверен - на дождалците им беше името омраза.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чувствуваше темно чукање под превивките и следеше едно минато без грч на лицето: ти ќе си робијаш, синко, говореше татко му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
2. Се разбуди на сува трева и го чу белото бранесто брзање на реката и уште - ситни удари на чекани во петте грча на здробените зглобови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа, ненадејно и во див грч, почнува да го прекрива со трескави бакнежи неговото лице, неговиот врат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа, го стега грч, му стежнува, го тера на повраќање. Одвај се додржува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нервен грч поминуваше по неговото лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во овој грч се назира иронија и горчевина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И градите на ова издолжено тело ритмично се шират и се свиваат, и невидлив грч поминува во крвотокот и ладнина ги ежави коските.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега наеднаш беа застанати сите, застанувањето беше како еден единствен грч во целата нивна низа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш, еден по еден, тие пак настануваа како месечари и си ги зафаќаа своите места на прозорците, сите со по еден грч што ги правеше голи, стегаше од под очите и им ги дигаше тие делови од лицето нагоре, нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И при секое ново прикрцкување на неговите очници тој сеќаваше како прстите на познатиот ладен грч му се стегнаат под гушата и просто го задавуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе