грозница (ж.)
Грозницата попушти подоцна. Кога ги крена од очи врелите клепки, побара вода.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но грозницата почнуваше и ранетиот го гледаше со смрзнати очи не разбирајќи ништо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Грозница или не, ми бучи сѐ уште и толку многу во двете уши што тоа не може веќе да ме научи на кој знае што. Уште од војната ме мавна.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
4. Меѓусвет: габи
Нивните форми ни сраснуваат за погледот
и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот:
чадорчиња затворени со сласна слузокожа
во бела мека лека обвивка
памучни жизнерадосни белутраци
млечни фереџиња
повлечени, со тек на време
како лажни ветувања
демодирани манири
на постоење;
дволики појави, многуглави ламји
- сенките предвреме да се насетуваат
со флуид на влекачи и глодари
за да биде кошмарна прошетката
да има наезда на невестулки
да има сѐ на претек:
царски ѓубрарки, сончарки
или „кукмарки“ (име за сѐ!)
галапки, пупавки, млечки, рујни рујници
јајчарки со боја на манго
на папаја, јапонско лале или јаболко
летни вргањи распукани како петици
како суводолица
збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)