грижи несв.
грижа ж.

грижи (несв.)

Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подолу потписнициве велат: „Поради жалните резултати од таквото разделување на христијанското население во Македонија на разни групи непријателски настроени едни спрема други, ние уште пред издавањето на весникот „Балкански гласник“ се обидовме во вид на литературен клуб да основеме кружок што би имал за цел да ја обедини македонската интелигенција во Србија во едно цело, без разлика на убедувањата, и кој би се грижел за создавање единство на мислите сред македонското население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас за тебе живеев, за тебе печалев, за тебе се грижев!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ете, селото брго ќе оставе без бареден поп, та ако он биде добер, шо веруам оти ќе биде, и другите две маала не ќе има потреба да бараат други свешченици, кога ќе видат оти им врши работа и се грижи за спасение на вашите души, — заврши дедот поп Димитрија и си ја забриша потта од набрчканото чело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За тоа, пак, се грижеа Ариф и Злате, кои секое утро ги прибираа ведрата со млеко, мисурките со мед, погачките, шишињата со ракија и го колеа бравот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И колку таа повеќе се грижеше да не мисли, толку повеќе Крцко ѝ излегуваше пред очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Момченцето е добро. Со новата играчка го заборави памучниот кловн. Збогум. Не грижи се.“ Потпис -„Марија“ (број 1).
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Навистина не грижи се.“ Изгледаше столчена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Да не се грижам ли?“ гласно и се улови дека втората Марија ја сметаше за првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сретства за почеток ќе се собереа, за ученици и наставници не се грижеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од дете уште три слугинки се грижат за неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МЕТОДИ: Не грижи се. (Го зема писмото. Трга кон вратата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Не грижи се. (На вратата се чука. Влегува Методи.) Што е?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЛАДИЧОТ: Не грижете се. (Излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Оние што се грижеа за редот и животот на затворениците скоро и да не доаѓаа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попусто се грижеше да му го сврти вниманието на себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе ви биде малку незгодно кога ќе речете дека мене ме оставивте тука сам, но вие воопшто не грижете се за тоа. Та јас самиот го сакав тоа, човече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбира, со нив одеа и неколку раководители, но Зоки не се грижеше многу за нив. Нека се грижат тие за него!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе