граната ж.

граната (ж.)

Прочуениот Август Рицман со смешни гримаси на лицето оди кон смртоносниот топ. Тој, живата граната - Август.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Друга запалувачка граната падна погоре и експлодира во чатијата на една сламена куќа. И таа куќа пламна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Овие денови водевме борба во Мацково, Германците се повлекоа, ама селото не можевме да го спасиме. Го запалија со запалувачки гранати оддалеку.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И сѐ така додека една ноќ едно парче граната не му ја расцепи раката и слабината.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако не скокнев над мојот другар да го засолнам кога падна гранатата во ровот, немаше да ослепам...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто разбрав во болницата: тие што останале во ровот, веднаш по моето пренесување во болницата, изгинале од гранатите...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едно парче од граната или од куршум, фиу, фиу, иди, ме бара мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одам, а една граната над мене свири, дали свири. Уште оддалеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Куршумот не прашува кој си, што си, од кај си. Гранатата - ич.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И командантот, фалбаџијата, загина. Го распарчи граната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Па јас, возач на десеттонец натоварен со топовски гранати, со илјадници фишеци, со нагазни, рачни противтенковски и што знам какви не други мини и гранати, да возам, да талкам од логор до логор, од болница до болница и да слушам како се лигави некоја заднинска гнида...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А по некое време таму некаде далеку грмнува и, кратко потоа, фучење и трештат топовски гранати. А потоа јуриш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А понекогаш, дали од уѕур и здодева, дали само за да го потврдат своето присуство на Чауле, или само тераа шака со жителите на Потковицата, туку ќе истрелаа по некоја граната во воздух.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти свират гранати и куршуми, а ти ги замижуваш очите и си велиш: Ај, збогум, животу!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедо му на Ибраим Ибраим, меѓу своите познат како Кара-Демир, се висхитил од долгоногиот распон, зошто му се сторило дека тој иноверник е готов да загине за султанијата па го стасал и трчал со него барабар, воинствено ревејќи сѐ додека на чекор од нив не бапнала граната.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Испука еден топ од Кремљ, вели, и, наместо граната, од топот излета Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Свири, ѝ вели на жената, оти бомба држам в раце... Рачна граната, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Впрочем, и самата се изменив, повеќе не сакам да ми телефонираат од дома и да ми кажуваат страшни работи, на пример на Осиек дента паднале 500 гранати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа е краткорочна, времена граната од значења фрлена преку јазичните барикади, која што го опишува способниот, вешт индивидуалец што собира знаење/комуникациска технологија и ги користи за сопствени цели - лично задоволство, заработувачка, принцип или развој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе