грамофон м.

грамофон (м.)

- Јас сакам да пеам, предложи срамежливиот Андон. - Ако сакате, ќе пеам грамафонски, танко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Исто како в кино, само уште да галопираше грамофонската плоча со завршниот дел на увертирата од Вилхем Тел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
1. ВИСТИНАТА Е СВЕТЛИНА НА ДУХОТ - затоа ли ние и не си гледаме в очи, добро е што уште нѐ служи бар слухот: слушаме грамофонски, не надгробни плочи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Хорот: Секоја представа има свој крај но во крајот и почеток е знај особено кога е нај како во нашиот рај ...или можеби вака Истиот распоред, истата боја. св. Јован, облечен во својата избледена талкачка облека, влегува, носејќи црвен грамофон.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
...тој е во полумрак, до ѕидот, завртен со грб, делумно засолнет од масата со пепелник, кесе полно со јаболка и грамофон на кој се врти блуз.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Меѓу хорот дошепнувања, додека тој го вклучува грамофонот и пушта плоча.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ана во вториот круг е гејша. Сублимно се движи, но сепак, помислува Љубовникот, „You are my destiny“ од грамофонот бара партнер.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Една од рачките на џубоксот ја постави избраната плоча на грамофонот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствената плоча виси вертикално во средината а зад неа има комплицирана мрежа од шини на кои се обесени повеќе различни грамофони.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Првата рачка ја стави на грамофонот следната плоча.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој му напиша писмо на производителот со молба да му направат еден грамофон по негови сопствени нацрти, и кој тој го нарече „Грамофон Омега”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со одминувањето на времето, пијалокот ја загреа, нејзината напнатост почна полека да омекнува, погледот да ѝ ја губи острината, лицето да ѝ се ослободува од грчот, снагата да ѝ се размрдува и со прстите да потчукнува на масата под тактот на музиката од грамофонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Штом го пуштија филмот, Питер на грамофонот ги пушти сите оние работи кои мислеше дека ќе одат во филмот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Практично грамофонот ја менуваше својата сопствена структура.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Оууу! Незгоден удар за вашето пријателче. А што не било во ред со грамофонот?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од овие причини мисионерите им го пуштале на Африканците Бах (на грамофон), очекувајќи ова да ги цивилизира. . .
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во почетокот на деведесеттите (барем во Америка, додека во Европа веќе се најавува зголемената офанзива против, сега за сега, доволно маргиналната појава на националистички поп и рок групи) здружените одреди на родители, религиозни групи, судови, политичари, полицијата и влијателните медии повторно цврсто ја зграпчија грамофонската индустрија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе