градба ж.

градба (ж.)

За да биде градбата здрава, треба темелот да ѝ биде убав.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да не пркне. Нему секогаш му беше мерено, без разлика на меридијаните, само толку, колку да се прерани и да им донесе на децата дома, кои ги имаше доста, а потоа едвај да дочека до новата градба, сеедно во кој град, сеедно во која земја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Авторот на делото успева да ги хармонизира овие две крајности, останувајќи до крај внатре наративна перспектива, односно опфаќајќи доволна наративна градба за творечкиот свет да биде целовит и јасно дограден...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наместо очекуваните, испеглани гардисти, пред градбата стојат копјаници, со избричени веѓи и во кожни кошули. Ме пропуштаат без збор.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Среде овие градби се ширеше пространиот плоштад, можеби единствен со ваква големина на Балканот, со излези кон Камениот мост и главната улица што завршуваше пред Железничката станица.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
III Живеевме во срцето на Козар маало, во стара двокатна куќа крај реката, во низата градби според отоманските архитектонски урнеци од почетокот на веков, со видливи европски примеси.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со оваа нова градба, како и со блискиот Дом на Армијата, изграден на местото на една џамија во форма на бурма и позната како Бурмали–џамија, спроти зданието на големата банка, со зданието на големата железничка станица, една од најубавите на Балканот во речиси ориенталната касаба, се наѕираше моќта на новата држава.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Убаво е да се вдишува воздухот и добро е да се чувствува сонцето со кожата, како со својата топлина продира сѐ подлабоко, и добро е да се чувствува градбата на костурот, прекрасната конструкција скриена длабоко во топлото месо, и добро е да се чујат гласови многу почисти и многу побрзи од оние во каменените длабини на бунарот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога философијата заврши покажувајќи дека секое нешто е општествена градба, таа не ни помогна да одлучиме кои општествени градби да се задржат а кои да се заменат. .
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Наоѓајќи дека таа градба е подигната на древната германска земја и во едно сосем германско доба, дознавајќи, освен тоа, дека името на архитектот што можеше да се прочита на еден скромен гроб по звукот и по потеклото е германско, во своето одушевување со тоа уметничко дело преземав потфат да го променам злогласното готско име кое дотогаш беше симбол за тој тип архитектура, и да ја наречам германска, да ја вратам назад на своја земја“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
(7) Прашањето за тоа дали овие разлики биле таму (заедно на куп длабоко внатре ентитетот, чекајќи да бидат изнесени на светлина од страна на ископувачите деконструктивци), или се во ентитетот откако феминистките го завршија преобликувањето на ентитетот во социјална градба, поблиску до нивната срдечна желба, ми изгледа воопшто неважно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сите западни градби ја обележуваат и слават смртта, од Кеопсовите пирамиди преку европските цркви и катедрали“ (Гринавеј).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со тоа сакаат да кажат дека нивниот свет е во голема мера човекова градба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По неговиот прв целосно изведен проект, „Куќата Хундертвасер“ во Виена, интригантниот уметник е „почестен“ со најразлични епитети, меѓу кои и „разубавувач“, „генијален дилетант“, а неговата градба ја нарекоа „Кич- катедрала“, кич- палата“, „папагалска куќа“ итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе