гравче ср.

гравче (ср.)

Два-три дена го носев гравчето во увото.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од едното уво, од десното некако успеав да го извадам гравчето. Од другото - никако.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сепак тој килав ѓавол со мозок помал од гравче заслужуваше да биде казнет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Бело гравче со пиперки - така е адетот, уште денес големи пости“ - покани баба Мирјана, „а утре - велигденска трпеза!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
СР Македонија во Војници е застапена со човекот кој што во својата чета го викаат Тавче (без гравче).
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
7. кога се враќав од јапонија како да се враќав од иднината каде што се во полн замав курсевите по интерпункција на изненадувањата и каде што гравчето на леб се мачка а не како кај нас што се крка со лажица гравчето наше насушно на леб се мачка јапонското гравче
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Домаќинките принесуваат секоја што има и колку има: посни сармички, бело гравче, ситни колачиња.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Туку, дај од петочново гравче. Два дена сум на сува храна. Сакам лажица да заигра.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ти само климаш со главата, ја слушаш како последно да ти е, и ја разбираш, дека сето си го прошла, па и потешко од нејзиното а веќе го гледаш ко филмче во гравче, оловце, кафе....или во дланката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И понатаму ќе добива грчеви во стомакот од јанијата и од малку подзагореното гравче.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Најмалото, фатено за нејзината рака, се смееше поради доживувањето, чиј денешен еквивалент би бил патување во Египет, зашто ќе оди кај тетка, а таму ќе има и гравче и посна сарма и кикиритки и леблебија... и по малку суво грозје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бабата на дрвена табла со креда напишала: Тури потпечи... ѓомлезе... риба со гравче...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се случи играчот кого требаше да го учат покер да им ги собере како победник сите гравчиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Посна трпеза - леб, гравче, пиперка, кромид.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Играа џентлменски, на симболичен влог: динарче за гравче. Играа речиси бесшумно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виде, не виде и тој ги зеде гравчињата, а книжните монети ги стави в џеб.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)