горчина ж.

горчина (ж.)

Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нам ни ја подава оваа чаша полна со горчина за да ни ја проба верата во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Каде ќе можеш да слезеш до дното на душата, каде ќе помечтаеш, и каде ќе излееш горчина, ако во домот, ако во твојот сопствен дом не најдеш, за сето тоа, одзвук, ехо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Но ако не ќе сака ниеден арабаџија да го купи?“ Тој, од својата висина, беше милозлив и мудар и ја сокриваше пред нив сувата горчина:
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вперени во бескрајна низа немили сеќавања. На кое да запре? Сеедно: во секое има горчина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа пред собраните зеници прскаа жолти тркалца, затоа устата однатре му ја збираше горчината на сите испушени цигари во тој ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ФЕЗЛИЕВ: (Со горчина и резигнирано.) Наместо да се залажуваш со тоа, синко, подобро е да избегаш, додека не дошле другите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И кога горчината во неговото челично срце се прелеа, им рече на ’рѓосаните шини под себе: - Не можам веќе!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
7. БЕЗ КОРЕН И ПЕЛИНОТ НЕ РАСТЕ - а зошто да нѐ дразни горчината на плодот?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сигурно бев неправедна во тој момент, но душата ми ја исполни горчина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ќе ти умрам, вели, од срам, од страв и од горчина ќе ти умрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сега инвалид, со две патерици и со горчина во душата за цел живот!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Широко отворените очи гледаат папсани од битисување и горчина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сетив дека сторив нешто неубаво и во грлото ми заглави горчина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
После некое време го џвакав и другото парче и устата ми беше толку здрвена што веќе не чувствував ниту горчина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе