голобрад (прид.)
Така Андон и Благоја се спогодија: коњот носеше среќа за двајцата, и за Андона и Савка, а растажуваше пак двајца, Благоја и голобрадиот младоженец.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
— Нема кај да го тура, бацко Крсте. — се провикна едно младо голобрадо момче од Врпско.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така Андон и Благоја се погодија: коњот носеше среќа за двајца, Благоја и голобрадиот младоженец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сириецот се исклештува, терајќи го најмалиот, голобрад придружник (сѐ уште исплашен од приказните за крвожедната Гило што во пустелија со пајакова плунка им ја цица крват на децата сè додека не им ја остави виснатата кожа) ситно да се закашла, придвижувајќи го натежнатиот простор како леснонога искра што се впива во молчалив преграб: - Не убедувај се дека тој ќе те заштити.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тоа беше едно ковчесто и голобрадо момче, бледо како мртовец, со интензивно црна коса која му ја допираше половината.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)