големец м.

големец (м.)

На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Македонија го крепи Урошевиот престол и македонскиот големец крал Волкашин е главниот советник и десна рака на Уроша.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
149. Сите го мразат Волкашина за неговата улога и влијание врз Уроша, но царот му верува, македонските големци: 70 кралеви и банови, според народните песни, му веруваат и му даваат 70.000 војска со нив да умре на Марица за царот и „српското име”. 70.000 души војска од 70 кралеви и банови!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие се присоединија кон Србија, но тоа присоединување не беше присилно, а врз основа на договор помеѓу македонските големци и српските кралеви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разволнуван до солзи, дајреџијата сакаше, пред да станат и да се разотидат, да им покаже сега на овие големци дека не му е вечерва нему до пиењето, ни до парите... туку до честа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа оттогаш тој често, и скришум од другите големци во гратчето, ѝ помагаше на протиница во акциите што таа ги преземаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Големците во гратчето одвај ја поздравуваа, нивните жени не ја канеа на журеви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие ги потераа коњите и отидоа во друго село да го бараат комитскиот големец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тргнавме по трагите на еден комитски големец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еден ден им дојдоа во посета некои големци со ширити и друга нишани.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
18. Мулазимот го извести пашата, мудурот го извести кајмакамот и пак се собраа двајца големци да размислат како да го уништат овој царски непријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Еве ја, позадинска вошко, мојата револуција и сите брадести, мускулести и ќоси големци !
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако го затвореа наш Кире, ќе немаше кој да ги слика и сегашните големци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А таа, Љуба, не можела, трпи и црнеј, крепи ја куќата, за кога ќе се врати тој, големиот домаќин Никола, чесниот божем и почитуваниот и од слуги и од Турци големци, да му биде сѐ подредено и зачувано.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кој големец поминал низ градот а да не влезе во некоја од неговите фотографии!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што рече? Помеѓу твоите пријатели немало големци!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замислувале да го убијат султанот, великиот везир, валијата во Солун и други големци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сврделот имаше уште година или две до пензија кога го сменија, отворено го потурнаа за да го донесат на неговиот стол тој еден Јован Граматниковски кој, кутриот, ни самиот не очекувал од службеник да стане големец во градов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само за големците не беше така. Тие ја имаа таа специјална продавница во која се наоѓаше тоа што за нас обичните луѓе ни на сон го немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе