глуми (несв.)
А и Христина, навистина, ги заслужи, рецитираше и глумеше многу добро.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ако ова е премногу сложено, мора најнапред да се преправа дека не ја чувствува страста што навистина ја чувствува, потоа да ја глуми страста што не ја чувствува и да се преправа дека некои силни напливи на огорченост, омраза и завист се невистински, или не се случуваат, или се нешто сосема друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сигурна сум дека еден американски уметник што глуми пес на интернационалната уметничка сцена не би бил толку интересен како еден руски уметник.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кулик, како неговиот претходник Диоген, наоѓа уживање во глумењето куче само кога други го набљудуваат.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кога го приведоа во полициската станица во Стокхолм во еден момент Кулик престана да глуми пес и почна да дава објаснувања за својот чин.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Краста: Да, да. Баш тој Беки кој во филмовите глумеше хоштаплери, што впрочем и не му беше тешко зашто и самиот беше таков.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Никој веќе и не помислуваше да глуми болка од божемните рани.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Една претерана, залижана учтивост, која ја препознавам кај себе во ситуациите кога глумам „правилно“ однесување, а во исто време знам дека е фалшива.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Човеков си дозволи една сосема неприродна поза: глумеше дека не го забележува моето наближување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Лажго кој не е во состојба да ја прикрие дури ни својата лична отсутност туку глуми дека е овде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ѓорѓија се согласи со умерена доза на глумење лутина. По една недела, тој живееше сам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Искусните глумат невиност, невините искуство.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;
ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;
можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
По навика продолжуваш
да се преправаш
да глумиш жизнерадосност
да бегаш од себеси
„да не се досетат Власите“
си велиш, и тука
се лажеш:
никој не побегнал од себеси
- жив.
Очајот, и покрај сѐ
паѓа, како ноќ
полека, но сигурно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Предизвикани од шаолинските звуци што ги испушта Мистер Том, од соседниот стан излегува цела една кинеска колонија: прв ѕирнува младиот даночен инспектор Џианхонг, а по него и неговите стари родители (кои веќе шести месец глумат дека се дојдени во кратка, викенд-посета на синот во Америка).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сѐ е театар! Подобро глуми оној кој подобро лаже.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тој потстана, го зеде клопчето, повторно седна и, продолжувајќи да плете, продолжи и да зборува: „А вам и на вашата пријателка,“ рече, покажувајќи кон мене, „вам ви е лесно, вие си глумите полулудило, полунормалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Лажен сјај од очајни луѓе кои сакаа да глумат Вип сурати во 2 миљонската вукојебина.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)