гепек (м.)
Ова дефинитивно нема везе со ловење. Најбоље би го опишал како „берење риба“. Се наведнуеш, ги фаќаш со руки и ги товариш у гепек.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И навистина, гепекот ми беше полн со слатки бонбончиња кога си тргнав накај Скопје, ама од сѐ најдобри беа двете тегли со мешавина за енергетско подигање на телото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Не бегам, господине, одам по детето во парк“, му раскажувам, а тој ме мери и не верува, го отвора гепекот... и оп!... му се посреќи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Телевизоров нема добар сигнал и ќе го носиме на Велешко“, им зборуваше, а едниот од нив го креваше во раце, го товараше во гепекот од колата и со татко му тргаше на пат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)