гангрена (ж.)
Ногата ти ја напаѓа гангрена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По патот сум паднала во несвест од гангрената.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И гангрената ме полаза.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Интравенозната употреба може да предизвика гноење и гангрена во случај по грешка да се вшприца во артерија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се работеше за ампутација на половина нога на еден стар искусен цврцнат морски волк кому почнуваше да му се развива гангрена, која се должеше на напреднатата артериосклероза.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
АНДРЕЈА: Нема да биде обичен. Овојпат ќе каснеме до коска. Ќе фати гангрена. Пиварата, монополот, ложилницата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На почетокот од септември десната нога на мајка ја зафати гангрена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)