газдарица ж.

газдарица (ж.)

Во ресторанот беше тихо. Газдарицата седеше зад автоматската каса и ја целиваше својата тромава мачка, дебела и сива како и таа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кротка е како јагне... Но нејзината газдарица каса...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еднаш, кога разминувајќи се на скелето, пак се жулна, него пак возбуда го обзеде, пак му наудри жештина во главата, пак снагата му затрепери и ѝ рече: „Доста работиме, газдарице...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ПОПОТ: Така газдарице. Дај го ваму колачот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Милан формално беше глава на семејството, патријарх, но Кети беше неоспорно газдарица во куќата. Ѝ се чинеше дека сите предмети се свесни за ова, како да беа задоволни од тоа, па дури на некој начин, одразуваа еден дел од олицетворението на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Бабичката, газдарицата на неговиот стан, кога го слушна страшното тропање на вратата, бргу скокнала од постелата и со влечка само на едната нога потрча да ја отвори вратата, придржувајќи ја од срам ношницата на градите; но кога отвори, таа се повлече назадечки, гледајќи го Акакиј Акакиевич онаков каков што беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По што ѝ се обрати на газдарицата и ѝ рече: „А вие, мајчице, немојте да си го губите времето попусто, веднаш порачајте му сандак од чам, зашто од даб за него ќе биде прескап“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во борделите се закачуваат други болештини, иако газдариците имаат пудлици и други миленичиња кои влеваат доверба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И покрај доминантната позиција во однос на него (млад возач во јака фирма), а јас газдарица на дуќани, ми беше симпатичен, па му ветив голем попуст за неговата сопруга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Често муабетев со газдарицата на куќата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Значи откако ќе се вратев од плажа, јадев, па пиев кафе со газдарицата на куќата или со Американката која беше сместена во собата до мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)