вџаси св.

вџаси (св.)

Вџашено стоеја со виснати раменици и издолжени раце, несигурни, неми, со по еден остар клин во секој зглоб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Трубачот гледа вџашено. Не ги забележува подбивните усмевки кај другите од истата маса.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Гласот и гестовите на човекот беа господаречки и сугестивни и прислужникот, гледајќи го вџашено назадечки исчезнуваше во мракот на ходникот. - Мрзливко! - човекот седна до Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Девојката (вџашено) – Кој сте вие? Како влеговте?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Минк се вртеше вџашено и помалку налутено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Селанецот вџашено се колебаше дали да влезе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Петре и Злата се погледнаа вџашено. Петре наврапито стана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Змијата? - се чуди Огнена а потоа се вџарува околу себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нора синоќа се вџаси, рече: „Добро што ти се случува?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Бев вџасен. Префектот изгледаше како да го удрил гром.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)